Општина Струмица во континуитет го поттикнува локалниот економски развој преку создавање поволни услови за инвеститорите

Општина Струмица во континуитет го поттикнува локалниот економски развој преку создавање поволни услови за инвеститорите
Општина Струмица во континуитет го поттикнува локалниот економски развој преку создавање поволни услови за инвеститорите.
Градоначалникот Костадин Костадинов и директорот на ЈПКД „Комуналец“ Зоран Горгиев со соработниците, денеска извршија увид во градежните активности на парцелата од левата страна на излезот од Струмица кон Радовиш за подобрување на водоводната инфраструктура, односно премостување на водоводната мрежа.

По расчистувањето на теренот, ЈПКД „Комуналец“ почна со реконструкцијата на цевководите за чиста и техничка вода со што се обезбедуваат услови за инвестирање во нови деловни објекти и станбени единици. Вкупната вредност на оваа инвестиција изнесува 8,7 милиони денари. Новите инвестиции ќе значат повисок стандард за граѓаните и економски силна Општина.