Решение за свикување на дванаесеттата седница на Советот на општина Струмица

Решение за свикување на дванаесеттата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08-5321 /1, 06.07.2022 год.

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам: 

Решение за свикување на дванаесеттата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам дванаесеттата седница на Советот на општина Струмица за ден 13.07.2022 година (среда).

Дванаесеттата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 13,00  часот.

За работа на седницата предлагам:

I

   Усвојување на записникот од 11-та седница на Советот на општина Струмица

II

 Д н е в е н   р е д 

  1. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2022 година;
  2. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Ерџан Раманов од Струмица;
  3. Предлог –  Одлука за донесување на Акциски план за родово базирано насилство во Општина Струмица за 2022 – 2023 година;
  4. Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈПЗБК Стационар – ЛАНА Струмица.
  5. Предлог – Програма за измена на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2022 година;
  6. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 42 УЕ 5 по ГУП за град Струмица, Општина Струмица (Плански период 2019-2024 година);
  7. Предлог – Одлука за утврдување Нацрт план за измена и дополнување на ДУП за дел од Блок 38, Општина Струмица, (со плански период 2022-2027);
  8. Предлог – Одлука за утврдување на Урбанистички проект со план за парцелација за поделба на ГП 28.5.I и промена на граници на парцелите помеѓу ГП 28.5.I и ГП 27.5.I, ГП 22.5.I , ГП 20.5.I и ГП 84.5.I – дел од ДУП за УБ 5 во Струмица;
  9. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр.7669/1, КО Струмица;
  10. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за проширување на плански опфат на КП бр.1059 и КП бр.1483/3, КО Градско Балдовци;

 

Совет на општина Струмица

Претседател,

Марјан Даскаловски