Промовирана монографијата „Струмичко чудо“

Промовирана монографијата „Струмичко чудо“

По свеченото отворање на Струмичкиот карневал, во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ беше промовирана монографијата „Струмичко чудо“ на авторите Александар Цицимов и Катерина Милушева.

Убаво е да се биде сведок на промоцијата на монографијата „СТРУМИЧКО ЧУДО“ посветена на 30-годишнината од возобновувањето на организираната форма на Струмичкиот карневал. Како градоначалник на „карневалска“ Струмица, исклучително сум горд на ова значајно дело, а убеден сум дека ќе бидат горди и сите наши сограѓани, рече во своето обраќање градоначалникот Костадин Костадинов.