Струмичани ја потврдуваат љубовта и почитта кон вековната карневалска традиција

Струмичани ја потврдуваат љубовта и почитта кон вековната карневалска традиција

Традиционалниот маскенбал, главната карневалска вечер и детскиот карневал, уште еднаш потврдија дека струмичани се вистински мајстори за забава под маски. И на трите настани, како дел од богатата понуда на годинашното издание на Струмичкиот карневал, имаше богата и разновидна понуда на маски во кои имаше вложено многу труд, љубов и почит кон вековната карневалска традиција.

Иако временски услови не беа баш наклонети, сепак имаше голем број посетители кои уживаа во струмичката карневалска магија. Ова потврдува дека и на струмичани и на гостите им недостасуваше карневалот кој две години не се одржуваше поради пандемијата од Ковид 19. Карневалските празнувања продолжуваат денеска со објавувањето на резултатите за најуспешните маски од карневалската вечер во Центарот за култура „Антон Панов“, а на градскиот плоштад традицонално на чист понеделник, ќе се вари и јаде бел грав. Вечер ќе биде отворена изложбата на карикатури и афоризми и ќе се доделуваат наградите од наградниот конкурс.