Во две училишта во Струмица се изучува италијанскиот како втор јазик

Во две училишта во Струмица се изучува италијанскиот како втор јазик

Градоначалникот Костадин Костадинов и неговиот гостин г-нот Марио Де Роса одговорен на трговско – економскиот оддел во Амбасадата на Италија во Република Северна Македонија, денеска, го посетија ООУ „Сандо Масев“ каде што 78 ученици како втор го изучуваат италијанскиот јазик.

Освен во ова училиште, италијански јазик  изучуваат и 75 ученици во училиштето „Даме Груев“ во Куклиш. Тие денеска подготвија пригодна програма на италијански јазик за гостинот од Амбасадата на Италија.