Решение за свикување четириесет и шестата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08 – 2318 /1, 20.04.2021 год.

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам:

Решение за свикување на четириесет и шестата седница на Советот на општина Струмица

Ја свикувам четириесет и шестата седница на Советот на општина Струмица за ден 28.04.2021 година (среда).
Четириесет и шестата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.

За работа на седницата го предлагам следниот:

Дневен  ред

1. Предлог – Буџетски календар за подготовка и донесување на Буџетот на општина Струмица за 2022 година;
2. Предлог – Измена и дополнување на Годишниот план за вработување во општинската администрација на Општина Струмица за 2021 година;
3. Предлог-Одлука за давање согласност за обезбедени финасиски средства за пополнување на работни места согласно Измената и дополнувањето на Годишниот план за вработување за 2021 година на Општина Струмица;
4. Предлог – Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за заловување и третман на бездомни кучиња;
5. Предлог – Одлука за отстапување на опрема и ситен инвентар на ЈОУДГ „Детска радост “ во Струмица, во објектите на детските градинки во Куклиш и Муртино;
6. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за авто-такси превоз на патниците на подрачјето на општина Струмица;
7. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Валентина Ангелова од с. Баница;
8. Предлог – Одлука за доделување парична помош на Ѓорги Трајков од Струмица;
9. Предлог-Заклучок по барање мислење од Министерството за економија за развој на дистрибутивната гасоводна мрежа во Општина Струмица;
10. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за определување на зонско паркирање на подрачјето на град Струмица;
11. Предлог – Одлука за поставување на туристички знаци и останата туристичка сигнализација во Општина Струмица;
12. Предлог – Одлука за поставување средства за смирување на сообраќајот во општина Струмица;
13. Предлог – Одлука за промена на режимот на сообраќај на крстосница на ул. „Ленинова“ со ул. „24-ти Октомври“ во Струмица;
14. Предлог – Програма за дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2021 година;
15. Предлог – Програма за дополнување на Програмата изработка на урбанистички планови на подрачјето на општина Струмица за 2021 година;

16. Годишен извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2020 година;
17. Годишен извештај за спроведувањето на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2020 година;

18. Барање согласност на Измена на Годишен план за вработување на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2021 година;
19. Барање согласност за обезбедени финасиски средства за пополнување на работни места согласно Изменaта на Годишниот план за вработување на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2021 година;
20. Годишна сметка со финансов извештај на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2020 година;

21. Годишна сметка со финансов извештај на СОУ „Јане Сандански“ Струмица за 2020 година;
22. Годишна сметка со финансов извештај на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица за 2020 година;
23. Годишна сметка со финансов извештај на СОУ „Никола Карев“ Струмица за 2020 година;

24. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Гоце Делчев“ Вељуса за 2020 година;
25. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Кирил и Методиј“ Дабиле за 2020 година;
26. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица за 2020 година;
27. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Видое Подгорец“ Струмица за 2020 година;
28. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Сандо Масев“ Струмица за 2020 година;
29. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Маршал Тито“ Струмица за 2020 година;
30. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Маршал Тито” Муртино за 2020 година;
31. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Даме Груев” Куклиш за 2020 година;
32. Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Герас Цунев” Просениново за 2020 година;
33. Годишна сметка со финансов извештај на ООМУ „Боро Џони” Струмица за 2020 година;
34. Годишна сметка со финансов извештај на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица за 2020 година;

35. Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЈПКД „Комуналец“ Струмица;
36. Предлог- Решение за разрешување и именување преставник на општина Струмица во Училишниот одбор на СОУ “Никола Карев” Струмица;

37. Предлог – Решение за разрешување и именување преставник на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Никола Вапцаров” Струмица;
38. Предлог- Решение за разрешување и именување преставник на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Сандо Масев” Струмица;
39. Предлог- Решение за разрешување и именување преставник на општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Маршал Тито” Струмица;
40. Предлог – Решение за разрешување и именување преставник на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Видое Подгорец” Струмица;
41. Предлог – Решение за разрешување и именување преставник на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Герас Цунев” с. Просениково;
42. Предлог – Решение за разрешување и именување преставник на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “ Св. Кирил и Методи” с. Дабиле;
43. Предлог – Решение за разрешување и именување преставник на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Гоце Делчев” с. Вељуса;
44. Предлог – Решение за разрешување и именување преставник на општина Струмица во Училишниот одбор на )ОУ “Маршал Тито” Муртино;
45. Предлог- Решение за разрешување и именување преставник на општина Струмица во Училишниот одбор на ООУ “Даме Груев” Куклиш; и
46. Предлог – Решение за разрешување и именување претставник на Општина Струмица во Училишниот одбор на ООМУ “Боро Џони” Струмица.

Совет на општина Струмица
Претседател,
Марјан Даскаловски