Одбележан Денот на пожарникарството

Одбележан Денот на пожарникарството

По повод Денот на пожарникарството во Република Северна Македонија, Територијалната професионална противпожарна единица на Струмица одржа тактичко -показна вежба во која се спасуваа луѓе од урнатини од земјотрес во кругот на поранешната касарна. Во вежбата учествуваше Тимот за урбано пребарување и спасување при ТППЕ Струмица кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување.

Вежбата ја следеа градоначалникот Коста Јаневски, секретарот на Општината Александар Оџаков, претседателот на Советот Марјан Даскаловскии членови на истиот.

 

Територијалната професионална противпожарна единица на општина Струмица досега во многу реални и опасни ситуации ја покажа својата подготвеност, професионалност и пожртвуваност во спасувањето на човечки животи и материјални добра. Оваа единица е подготвена за сите видови интервенции, а тоа пред се се должи на нејзиното континуирано опремување, обука на пожарникарите и нејзина практична примена преку тактичко – показни вежби, каква што е и оваа денешната.

Денеска е Денот на пожарникарството во Република Северна Македонија, им го честитам на сите пожарникари со желба за добро здравје за да можат да бидат во добра форма обезбедувајќи ни на сите нас сигурност и безбедност, а ние секогаш ќе ги поддржуваме и ќе им бидеме благодарни за нивната пожртвуваност, рече градоначалникот Јаневски.