Ќе се отстрануваат хаварисаните возила на улиците и јавните површини во градот

Ќе се отстрануваат хаварисаните возила на улиците и јавните површини во градот

Локалниот совет за превенција на општина Струмица денеска ја одржа 5-та работна конференција, вообичаена за последната среда од секој месец. Ако во изминатиот период предизвик беа дивите продавачи на текстил и земјоделски производи на јавните површини во градот, уличните продавачи на девизи, нелегалната трговија со старо железо на улицата „Антон Панов“,

од денеска пред членовите на Советот, нов предизвик е отстранувањето на хаварисаните возила на улиците и јавните површини во градот. Членовите на Локалниот совет за првенеција по разгледувањето на овие проблеми, донесоа заклучок во наредниот период надлежните институции уште повеќе да ги искоординираат и интензивираат активностите за решавање на истите.