Со пригодна свеченост која што се одржа пред неговиот споменик на истоимениот плоштад, Општина Струмица денеска ја одбележа 148-годишнината од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. За неговиот живот и дело зборуваше градоначалникот Коста Јаневски.
Голем е денешниот ден затоа што е голем човекот кој се родил во него. Генерации и генерации Македонци му се поклонувале и уште многу генерации ќе му се поклонуваат во иднина. Бесценет е неговиот влог во македонското револуционерно дело, оти еден е Гоце Делчев, човекот кој и денес не собра за да му ја покажеме нашата љубов, внимание и почит, нашето големо „благодарам“ за се што стори во својот краток но исклучително делотворен живот.
Дури и по 148 години од неговото раѓање, таа наша гордост и тој наш жар со кој го спомнуваме и го негуваме неговиот живот и дело, никако не стивнуваат. Гоце Делчев како голем народен трибун и апостол на македонското револуционерно движење, тоа го заслужува, бидејќи не задолжи сите нас со своите херојски и визионерски активности за иднината на Македонија, рече градоначалникот Јаневски.

Пред споменикот на Делчев беше положено свежо цвеќе, а членови на рецитаторската секција од основното училиште „Гоце Делчев“ од Вељуса рецитираа револуционерна поезија.