9та конференција на Локалниот Совет за превенција

9та конференција на Локалниот Совет за превенција

Вчера во Домот на АРМ  се одржа 9 работна конференција на Локалниот Совет за превенција на Општина Струмица на која присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов.

Претставниците од сите релевантни институции кои партиципираат во овој Совет расправаа за неколку клучни проблеми во општината и за активности кои треба да се преземат за нивно решавање. Меѓу другото, тема на расправа беа: нелегалниот пазар на земјоделски производи на влезот во селото Банско, узурпацијата на јавните површини – тротоарите од страна на одредени кафулиња  во општина Струмица, како и за пороците на денешницата со кои се соочуваат младите во општина Струмица и полициските контроли во ноќните клубови во општината.

И денешната работна конференција покажа дека во општина Струмица се работи темелно и сериозно за справување со постоечките проблеми, а во интерес на сите граѓани од општината.