Започна кампањата „16 дена Активизам против родово базирано насилство“

Започна кампањата „16 дена Активизам против родово базирано насилство“

Покажувајќи ја својата силна заложба и родова сензитивност, општина Струмица ја започна кампањата „16 дена Активизам против родово базирано насилство“ со цел подигање на свеста кај луѓето да се стави крај на насилство од секаков вид. Кампањата започна со осветлување на споменикот „Жена под маска“ во портокалова боја – која претставува аларм за подигањето на свеста за овој сериозен проблем...

Градоначалникот Јаневски со Отчет за сработеното во трите години од мандатот

Градоначалникот Јаневски со Отчет за сработеното во трите години од мандатот

Општина Струмица, финансиски е стабилна, развојно ориентирана и економски просперитетна, рече градоначалникот Коста Јаневски на денешната прес конференција, а по повод завршувањето на третата година од неговиот мандат. Тој информираше за сите реализирани проекти во овој период, како и за проектите коишто се во тек. Морам да нагласам дека во последните 8 месеци, како и целиот свет, така и ние,...

Честитка од градоначалникот Јаневски по повод Светскиот ден на детето

Честитка од градоначалникот Јаневски по повод Светскиот ден на детето

Драги деца, Денешниов ден – 20. Ноември е Ваш ден, ден кој низ сите светски меридијани се слави и одбележува како Светски ден на детето.  Генералното собрание на Обединетите нации во 1954 година го прогласи 20. Ноември како Светски ден на детето, кој има за цел да обезбеди благосостојба на децата ширум целиот свет и да ги потсети возрасните дека...

Советот на општина Струмица ја одржа 41-та седница

Советот на општина Струмица ја одржа 41-та седница

На денешната седница на Советот на општина Струмица беше усвоена одлуката за измена на распоредот на средствата во Буџетот за 2020 година. Со измените, општина Струмица ќе донира еден милион денари на Јавната здравствена установа „Општа болница“ – Струмица за набавка на опрема и материјали за справување со пандемијата на Ковид – 19. Советниците ги усвоија Планот на програмите за...

Општина Струмица скрати од непродуктивните трошоци и донира еден милион денари на Општата болница

Општина Струмица скрати од непродуктивните трошоци и донира еден милион денари на Општата болница

Општина Струмица од буџетот за 2020 година ќе донира еден милион денари на Јавната здравствена установа „Општа болница“ – Струмица за набавка на опрема и материјали за справување со пандемијата на Ковид – 19. На предлог на градоначалникот Коста Јаневски, а со поддршка од советниците, оваа одлука беше донесена на денешната седница на Советот на општина Струмица, со која Општината...

Во тек се градежни активности во дел од основните училишта 

Во тек се градежни активности во дел од основните училишта 

Општина Струмица ги реализира планираните инвестиции од Програмата за образование за оваа година и ги подобрува условите за воспитно – образовниот процес во училиштата. Во ООУ „Сандо Масев“ во Струмица се врши реконструкција на дел од покривот, односно, на спортската сала со соблекувалните и преден дел на училиштето. Реконструкцијата опфаќа демонтажа и замена на дотраениот од салонид покрив со поставување...

Решение за свикување на четириесет и првата седница на Советот на општина Струмица

Совет на општина Струмица, Бр.08-6410/1, 05.11.2020 год. Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам: Решение за свикување четириесет и првата седница на Советот на општина Струмица Ја свикувам...

Конкурс за доделување на Годишна награда и животно дело на Општина Струмица “Св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици”

Содржината на конкурсот за доделување на Годишна награда и животно дело на општина Струмица може да ја видите на следниов ЛИНК. Формулар за конкурирање може да се подигне во архивата на Општина Струмица или да го превземете на следниов ЛИНК.  

ОБЈАВА бр.1/2020

Објава бр.1/2020 за добивање право за поставување на рекламни паноа (билборди) и информациони табли на територијата на општина Струмица, по пат на електронско јавно наддавање – ЛИНК Одлука за утврдување на локации и почетна цена за поставување на рекламни паноа (билборди) и информациони табли на територијата на Општина Струмица – ЛИНК

Ставен е нов асфалтен слој на уште две улици во градот

Ставен е нов асфалтен слој на уште две улици во градот

Општина Струмица и денеска продолжи со реализација на планираните активности за оваа година. На улиците „Орце Николов“ и дел од „Дебарска“ е ставен нов асфалтен слој на вкупна површина од околу 1.300 метри квадратни. За време на викендот ќе се работи на крстосницата на улицата „Младинска“ со булеварот „Гоце Делчев“, односно, кружниот тек Анска река. Општина Струмица им благодари на ...