На четвртата седница на Советот за развој на Југоисточниот плански регион донесени се повеќе значајни одлуки

Советот за развој на Југоисточниот плански регион ја одржа четвртата редовна седница во просториите на Советот на општина Валандово.

На оваа седница се разговараше за повеќе теми од интерес на регионот и се донесоа неколку значајни одлуки. Градоначалниците ги усвоија годишниот извештај за работата на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за 2017 година, годишниот извештај за спроведување на Програмата за рaзвој на Југоисточниот плански регион 2015-2019 за 2017 година како и Акциониот план за 2018 година за спроведување на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион 2015-2019. На оваа седница исто така се донесе и Одлуката за учество на Повик за пристап до Грантовата шема по проектот „Oдржлив и инклузивен рамномерен регионален развој”, кофинансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација.