Општина Струмица заедно со Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ објавува Јавен повик за доделување на стипендии во основите и средни училишта

Општина Струмица заедно со Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ објавува Јавен повик за доделување на стипендии во основите и средни училишта

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/2002) и член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица“ бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19), а во врска со одредбите од Правилникот за доделување на стипендии за ученици од основните и средните училишта во Општина Струмица за една наставна година објавен во („Службен гласник на општина Струмица“ 10/22,11/23 и 12/24), Градоначалникот на општина Струмица објавува:

 

Ј  А  В  Е  Н    П О В И К

за доделување на 23 стипендии на редовни ученици во средните училишта и на 28 стипендии на редовни ученици во основните училишта

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ доделува дополнителни 10 стипендии на редовни ученици во средните училишта и 13 на ученици од основните училишта.
Право на учество на Јавниот повик имаат сите ученици кои во текот на претходната учебна година имаат освоена прва, втора или трета награда на меѓународен, државен, регионален или општински натпревар.

 

I.Услови и критериуми за доделување на стипендијата

Финансиска поддршка во износ од 2.500,00 денари месечно во времетраење од 9 месеци во учебната 2024/2025 година ќе добијат учениците во средното образование, кои ги исполнуваат следните услови:

  1. Да се редовни ученици од I, II, III или IV година во средните општински училишта во општина Струмица и ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ -Струмица
  2. Да се државјани на Република Северна Македонија
  3. Во текот на претходната учебна година да имаат освоена I, II или III награда на меѓународен, државен, регионален или општински натпревар во поединечна категорија, со физичко присуство, од областа на природните, техничките и општествените науки и спортот или да имаат освоена I, II или III награда на меѓународен, државен, регионален или општински ликовен конкурс во поединечна категорија“.

Финансиска поддршка во износ од 2.000,00 денари месечно во времетраење од 9 месеци во учебната 2024/2025 година ќе добијат учениците во основното образование кои ги исполнуваат следните услови:

1.Да се редовни ученици во основните општински училишта во општина Струмица

2.Да се редовни ученици во I година во средните училишта, кои во претходната учебна година, како ученици во IX одделение во ООМУ „Боро Џони“ -Струмица освоиле награда или лауреат согласно критериумите на Правилникот.

3.Да се државјани на Република Северна Македонија

4.Во текот на претходната учебна година да имаат освоена I, II или III награда на меѓународен, државен, регионален или општински натпревар во поединечна категорија, со физичко присуство, од областа на природните, техничките и општествените науки и спортот или да имаат освоена I, II или III награда на меѓународен, државен, регионален или општински ликовен конкурс во поединечна категорија од областа на ликовната уметност, а за учениците во општинското основно музичко училиште „Боро Џони“- Струмица, во текот на претходната учебна година, во поединечна категорија, со физичко присуство, да имаат освоено лауреат, апсолутна прва награда или специјална награда од меѓународен натпревар или прво место или I, II или III награда на државен натпревар.

Критериум за доделување на стипендиите се освоена поединечна награда или диплома на меѓународни, државни, регионални или општински натпревари, односно ликовни конкурси, во текот на претходната учебна година, со физичко присуство.

За освоена I (прва), II (втора) или III (трета) награда или диплома во поединечна категорија, со физичко присуство, на меѓународни натпревари за учениците од основните и средните училишта во општина Струмица и ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ Струмица, од областа на природните, техничките и општествените науки и спортот, максималните бодови се утврдуваат на следниот начин:

-освоен златен, сребрен или бронзен медал на една од 13 меѓународни научни олимпијади (International Science Olympiad) се вреднува со 15 бодови

-I (прва) освоена награда на меѓународен натпревар се вреднува со 12 бодови

-II (втора) освоена награда на меѓународен натпревар се вреднува со 11 бодови

-III(трета) освоена награда на меѓународен натпревар се вреднува со 10 бодови

За освоени прва, втора или трета награда или диплома во поединечна категорија, со физичко присуство, на државен, регионален или општински натпревар за учениците од основните и средните училишта во општина Струмица и ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ -Струмица, од областа на природните, техничките и општествените науки и спортот, доделени од акредитирани здруженија на наставници за организирање на ученички натпревари за основно и средно образование од страна на Министерството за образование и наука, максималните бодови се утврдуваат на следниот начин:

-I (прва) освоена награда на државен натпревар се вреднува со 9 бодови

-II (втора) освоена награда на државен натпревар се вреднува со 8.5 бодови

-III (трета) освоена награда на државен натпревар се вреднува со 8 бодови

-I (прва) освоена награда на регионален натпревар се вреднува со 7.5 бодови

-II (втора) освоена награда на регионален натпревар се вреднува со 7 бодови

-III (трета) освоена награда на регионален натпревар се вреднува со 6.5 бодови

-I (прва) освоена награда на општински натпревар се вреднува со 6 бодови

-II (втора) освоена награда на општински натпревар се вреднува со 5.5 бодови

-III (трета) освоена награда на општински натпревар со 5 бодови

 

За освоени прва, втора или трета награда или диплома во поединечна категорија, со физичко присуство, на државен, регионален или општински натпревар за учениците од основните и средните училишта во општина Струмица и ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ -Струмица, од областа на природните, техничките и општествените науки и спортот, доделени од други здруженија, институции и организации, максималните бодови се утврдуваат на следниот начин:

 

-I (прва) освоена награда на државен натпревар се вреднува со 4.5 бодови

-II (втора) освоена награда на државен натпревар се вреднува со 4 бодови

-III (трета) освоена награда на државен натпревар се вреднува со 3.5 бодови

-I (прва) освоена награда на регионален натпревар се вреднува со 3 бодови

-II (втора) освоена награда на регионален натпревар се вреднува со 2.5 бодови

-III (трета) освоена награда на регионален натпревар се вреднува со 2 бодови

-I (прва) освоена награда на општински натпревар се вреднува со 1.5 бодови

-II (втора) освоена награда на општински натпревар се вреднува со 1 бодови

-III (трета) освоена награда на општински натпревар се вреднува со 0.5 бодови

 

За освоени прва, втора или трета награда или диплома во поединечна категорија, за учениците од основните и средните училишта во општина Струмица и ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ Струмица, на меѓународен, државен, регионален или општински ликовен конкурс од областа на ликовната уметност, максималните бодови се утврдуваат на следниот начин:

 

-I (прва) освоена награда на меѓународен ликовен конкурс се вреднува со 8 бодови

-II (втора) освоена награда на меѓународен ликовен конкурс се вреднува со 7.5 бодови

-III (трета) освоена награда на меѓународен ликовен конкурс се вреднува со 7 бодови

-I (прва) освоена награда на државен ликовен конкурс се вреднува со 6.5 бодови

-II (втора) освоена награда на државен ликовен конкурс се вреднува со 6 бодови

-III (трета) освоена награда на државен ликовен конкурс се вреднува со 5.5 бодови

-I (прва) освоена награда на регионален ликовен конкурс се вреднува со 5 бодови

-II (втора) освоена награда на регионален ликовен конкурс се вреднува со 4.5 бодови

-III (трета) освоена награда на регионален ликовен конкурс се вреднува со 4 бодови

-I (прва) освоена награда на општински ликовен конкурс се вреднува со 3.5 бодови

-II (втора) освоена награда на општински ликовен конкурс се вреднува со 3 бодови

-III (трета) освоена награда на општински ликовен конкурс се вреднува со 2.5 бодови

 

За освоени награди на меѓународен натпревар, во поединечна категорија, со физичко присуство, за учениците од основното општинско музичко училиште „Боро Џони“ -Струмица, максималните бодови се утврдуваат на следниот начин:

-oсвоен лауреат на меѓународен натпревар (на цел натпревар) се вреднува со 10 бодови;

-освоен лауреат (на категорија) на меѓународен натпревар се вреднува со 8 бодови;

-освоена специјална награда или освоени 100/100 (сто од можни сто) бодови во категорија, на меѓународен натпревар се вреднува со 8 бодови;

-освоена апсолутна прва награда на меѓународен натпревар се вреднува со 7 бодови;

-освоена прва награда или лауреат прв степен на меѓународен натпревар се вреднува со 5 бодови;

-освоена втора награда или лауреат втор степен на меѓународен натпревар се вреднува со 3 бодови;

-освоена трета награда или лауреат трет степен на меѓународен натпревар се вреднува со 1 бод.

 

За освоени награди на државен натпревар, доделени од акредитирани здруженија на наставници за организирање на ученички натпревари за основно образование од страна на Министерството за образование и наука, во поединечна категорија, со физичко присуство, за учениците од основното општинско музичко училиште „Боро Џони“ -Струмица, максималните бодови се утврдуваат на следниот начин:

-освоено прво место на државен натпревар се вреднува со 8 бодови;

-освоена прва награда на државен натпревар се вреднува со 6 бодови;

-освоена втора награда на државен натпревар се вреднува со 4 бодови;

-освоена трета награда на државен натпревар се вреднува со 2 бодови;

 

Доколку ученикот има освоено награди/дипломи на повеќе натпревари од ист наставен предмет, во предвид ќе се земаат сите освоени награди на сите натпревари (општински, регионален, државен и меѓународен натпревар).

Доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови, предност ќе имаат кандидатите кои имаат освоена награда на повисоко ниво.

Доколку и после спроведената селекција на кандидатите, се уште има кандидати со ист број на бодови, предност ќе имаат кандидатите запишани во повисока година/повисоко одделение од своето образование.

Комисијата може да утврди и дополнителни критериуми, доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови.

Секој заинтересиран ученик може да се пријави на јавниот повик само за еден наставен предмет од областа на: природни науки, технички науки, општествени науки, спорт, ликовна уметност или музичка уметност.

 

  1. II. Пoтребна документација

 

Потребни документи за доставување:

1.Барање, пополнето од родител/старател на ученикот

2.Потврда дека е редовен ученик во основно/ средно општинско училиште во општина Струмица и ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ -Струмица, во тековната учебна година

3.Потврда дека бил редовен ученик во IX одделение во ООМУ „Боро Џони“ -Струмица, во учебната 2023/2024 година (за учениците кои се прва година средно образование, кои во учебната 2023/2024 година, како ученици во IX одделение во ООМУ „Боро Џони“- Струмица освоиле лауреат/награда согласно критериумите во Правилникот)

4.Фотокопија од документ за идентификација на родител/старател

5.Фотокопија од Уверение за државјанство на Република Северна Македонија на ученикот

6.Фотокопии од дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари

7.Доказ за меѓународниот карактер на натпреварот

8.Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити

9.Изјава потпишана од родител-старател за обработка и користење на личните податоци

 

III.Место и рок за поднесување на документи

 

Јавниот повик трае 6 работни денови од денот на објавувањето, заклучно со 27.09.2024 година.

Барањето со потребните документи, се доставуваат на адреса: Општина Струмица, ул. „Сандо Масев“ бр. 1, 2400 Струмица, лично во архивата на Општина Струмица, или по пошта, со назнака до “Комисија за доделување на стипендии за ученици од основните и

средните училишта во oпштина Струмица и ДСУ РЦСОО „Никола Карев’ -Струмица”, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Документите доставени по истекот на рокот наведен во јавниот повик, како и некомплетната документација, нема да бидат земени во предвид.

Кандидатите кои не ги исполнуваат условите за доделување на стипендија и кои не доставиле комплетна документација, ќе бидат известени дека не учествуваат во понатамошната постапка и документацијата ќе им биде вратена во рок од 15 дена од денот на завршувањето на рангирањето.

 

Во прилог линк од изјава за давање согласност за користење на податоци ЛИНК

Во прилог линк од изјава за точност на податоци ЛИНК

Во прилог линк од целиот јавен повик ЛИНК

Во прилог линк од барање за јавниот повик ЛИНК