Првата музичка вечер на „Струмица опен фест“ потврди дека струмичани ги сакаат забавите, знаат да ги организираат и да уживаат во нив. Плоштадот „Гоце Делчев“ беше полн, а домаќините и гостите до доцна во ноќта се забавуваа со музиката на
Данијела Мартиновиќ, Слаткаристика и Мосел, а пред нив на големата музичка сцена настапија Трајче Ѓоргиев и младите струмички таленти.Забавата продолжува и вечерва со настапите на Трио гранде, Кристина Арнаудова, Тропико бенд, Харис Џиновиќ и Том Нови.