Решение за свикување на триесет и втората седница на Советот на општина Струмица

Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот  за локалната самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02)  и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Службен гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам

Р  е  ш  е  н  и  е

за свикување на триесет и втората седница на

Советот на општина Струмица

Ја свикувам триесет и втората  седница на Советот на општина Струмица за ден  20.10.2015 година (вторник).

Триесет и втората   седница  на Советот на општина Струмица,  ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00  часот.

За работа на седницата предлагам:

I

Усвојување на записникот  од триесет и првата  седница на Советот на општина Струмица

II

Д н е в е н      р е д

  1. Известување  за отсуство од три  седници  по ред на член на Советот на општина Струмица;
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Акциски план за Локалната стратегија за развој на образованието во Општина Струмица за периодот 2015 – 2017 година;
  3. Предлог – Одлука за усвојување на Акциски план за Локалната стратегија на Општина Струмица за соработка со граѓанскиот сектор за периодот 2015 – 2017 година;
  4. Предлог – Одлука за усвојување на Акциски план за Локална стратегија за социјална заштита на граѓаните на Општина Струмица за период 2015 – 2017 година;
  5. Предлог – Одлука за усвојување на Акциски план за Локалната стратегија за млади на Општина Струмица за период 2015 – 2017 година;
  6. Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор за грант;
  7. Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Струмица;
  8. Предлог – Одлука за отпис на долг по основ на комунална такса за користење и одржување на јавно осветлување;
  9. Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Блок 22, (Урбана единица 2, Блок 13, согласно ГУП), измена и дополна Општина Струмица, плански период 2013 – 2018;
  10. Предлог-Програма за одржување на улиците во град Струмица, како и локалните патишта во Општина Струмица за 2015/2016 година во зимски услови;
  11. Правилник за внатрешна организација на работни места  во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица;
  12. Правилник за систематизација на работни места  во ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица;
  13. Одлука за утврдување на цената на услугата за одбележување на хоризонталната сигнализација на подрачјето на Општина Струмица;
  14. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 3075/1 и КП бр. 3075/2 КО Струмица;
  15. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 3158 КО Банско;
  16. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 4038 КО Струмица;
  17. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 5500/1, КП бр. 5497 и КП бр. 5508 КО Струмица;
  18. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко –  планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 1247 и КП бр. 1248/3 КО Струмица;
  19. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко –  планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 3456/2 КО Струмица;
  20. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 4396/3 КО Муртино;
  21. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 925 и 1381 КО Сачево;
  22. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 2329/1 и КП бр. 2326 КО Свидовица;
  23. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 7689/1 КО Струмица;
  24. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 1630 КО Дабиља;  и
  25. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 904 и 905 КО Добрејци.

Совет на општина Струмица

Претседател,

Јосиф Христов