Градоначалникот Зоран Заев и општина Струмица оваа година реализираа голем капитален проект – Ободниот канал со чија изградба се решава проблемот на околу 30 насто од жителите на Струмица. Ободниот канал беше проект на Владата на Република Македонија која во 2006-та година го прекина неговото финансирање иако се работеше за проект од витален интерес за жителите, посебно за оние кои живеат во понискиот дел на градот.
Но, иако беше обврска на државата, градоначалникот Заев и општина Струмица одлучија да го довршат со средства од општинскиот буџет, само за да се реши повеќегодишниот проблем на граѓаните. За довршување на овој канал потрошени се 600 илјади евра. Овој проект е од огромно значење, затоа што со него се решава дел од пороите над градот Струмица, а со тоа и проблемите со поплавувањето на улиците „Бетовенова“, „Бошко Буха“, „Славчо Стојменски“, „5-ти Ноември“, „Младинска“, „Атанас Караман“, „Браќа Минкови“ и други улици во долниот дел на градот.Паралелно со изведувањето на овој капитален проект изведени се и други инвестициони зафати. На улиците „Бетовенова“ и „Бошко Буха“ изградени се фекална и атмносферска канализација, пуштени се нови водоводни цевки и направени се приклучоци на околу 200 семејства, санирани се тротоарите, бетонирана е улицата „Бошко Буха“, урбано се уредени повеќе локации со клупи, канделабри, канти за отпадоци, а извршено е и хортикултурно уредување.Со овие зафати финансирани од општинскиот буџет, жителите од турската националност добија поспокојно и поубаво место за живеење.