Нема законски и статутарни услови за свикување вонредна седница на Советот на општина Струмица, ова е одговорот на претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, на вчерашното барање за вонредна седница од советничката група „Коалиција за подобра Македонија“, а упатено до него и Градоначалникот.Според Христов, вонредна седница свикува претседателот на Советот по сопствена иницијатива или по барање на најмалку 1/3 од членовите на Советот, во случаи и начин утврдени со статутот и тоа за прашања од областа на безбедноста и сигурноста на граѓаните, за прашања кои настанале поради вонредни околности (пожар, поплави, земјотреси и слично) и при посета на делегација од друга земја, кога истата сака да се обрати до членовите на Советот.