Во придружба на градоначалникот Коста Јаневски, денес во посета на Дабиле, престојуваше Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски. Тие извршија увид во градежните работи на канализационата мрежа во ова населено место, која се очкува да биде готова есенва. Станува збор за поставување мрежа од околу 7,4 километри, во рамките на проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води преку кредитот од ЕИБ“
Освен во Дабиле, привршува и изградбата на канализационата мрежа во Просениково, а градоначалникот Јаневски најави изградба на канализации и во населените места Банско и Вељуса.