Покана за Денот на Европската унија и Меѓународниот ден на победата над фашизмот

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев Ве поканува да присуствувате на свеченостите организирани по повод 9 ти Мај, Денот на Европската унија и Меѓународниот ден на победата над фашизмот.

Со особена почит Ве поканувам да  присуствувате на свеченостите организирани по повод одбележувањето  на

МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ И ДЕНОТ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА

што ќе се реализираат на ден  09.05.2007 година  (среда) во Струмица:
– во 10,00 часот пред споменикот на паднатите борци во ноавм во малиот градски парк
– во 11,00 часот на плоштадот  “Гоце Делчев”

ОПШТИНА СТРУМИЦА
ГРАДОНАЧАЛНИК
ЗОРАН ЗАЕВ С.Р.

ПРОГРАМА
09.05.2007 година  (среда)
10,00 часот

– Свечености пред Споменикот на паднатите борци во НОАВМ во малиот градски парк:
– Реч за значењето на празникот;
– Полагање на свежо цвеќе;
– Револуционерна поезија инспирирана од  народноослободителната  и анти-фашистичка војна – Рецитаторска секција при Домот за деца и  млади “Благој Јанков Мучето” – Струмица

11,00 часот
– Свечености на плоштадот “Гоце Делчев” – Струмица
– Обраќање по повод Денот на ЕУ
– Поставување и подигање на знамињата на земјите членки на Европската Унија.