Денеска се навршуваат 72 години од убиството на првоборецот Герас Цунев. По тој повод, пред спомен бистата во малиот градски парк се одржа пригодна свеченост. За животот и делото на првоборецот зборуваше Трајче Мицев, претседател на општинскиот одбор на СБМ од НОАВМ, а од името на општина Струмица свежо цвеќе пред спомен бистата положи Јосиф Христов, претседател на Советот. Свеченоста заврши со рецитал во изведба на членовите на рецитаторската секција при домот за деца и млади „Благој Мучето“.