Деновиве се работи на поставување на нови тротоари на левата страна од патот кон Градско Балдовци, односно, на потегот од улицата „Климент Охридски“ до мостот пред ова населено место. Тротоарот е широк два метра, а вкупната површина на која се поставуваат новите бехатон плочки изнесува 570 метри квадратни. Покрај новите плочки се поставуваат и нови рабници на тротоарот. Со овој градежен зафат кој што го реализира општина Струмица ќе се зголеми безбедноста на пешаците на оваа делница.