Делегација од збратимениот градски оkруг Електростаљ од московската област на Руската федерација од денеска е во официјална посета на општина Струмица. Делегацијата во состав Вадим Давидов и Јуриј Белоусов, заменици на градоначалникот и претставник на амбасадата на Руската федерација во Република Македонија беше примена од претседателот на Советот на општина Струмица,
Јосиф Христов, секретарот Кирил Парталов, советници и раководители во општината. На средбата се разговараше за досегашната соработка, но и се разгледуваа сите можности за продлабочување на истата во повеќе области.Гостите од Електростаљ во Струмица престојуваат на покана на градоначалникот, Зоран Заев. Од 2013 година имаме воспоставено пријателски односи и сме збратимени со Електростаљ и постојано се трудиме тие односи да не останат само на хартија, туку и да се продлабочуваат, како во полето на културата, така во образованието, спортот и секако во економијата затоа што таа е и најмногу битна. Поводот за посетата е нашиот традиционален карневал и тие ќе присуствуваат на главната карневалска вечер, но и на останатите програмски понуди, рече Христов.Гостите од Електростаљ не го криеа задоволството од престојот во збратимената Струмица и можностите за продлабочување на соработката во повеќе области, значајни и за двете општини.Ние ги развиваме односите во неколку области, на пример, во културата, образованието, раководителот на секторот за образование на Електростаљ беше во посета на Струмица во декември минатата година и научи многу убави работи од искуствата на општина Струмица. Се надевам дека ќе успееме и во спортот и секако ќе бидеме многу задоволни доколку успееме да реализираме комерцијални, трговски проекти, затоа што економијата е основа на благосостојба на нашите региони и земји и верувам дека оваа област уште повеќе ќе се унапредува, изјави Вадим Давидов, заменик градоначалник на Електростаљ.Во знак на взаемната почит и искреното пријателство, претставниците на Електростаљ и Струмица си разменија пригодни подароци.