Со поставувањето на вештачката трева градежните активности од првиот дел на помошното игралиште на стадионот „Младост“ во Струмица се во завршна фаза и веќе му го даваат ликот на модерен фудбалски терен. Околу 15 дена ќе трае поставувањето на тревата на игралиштето кое е со стандардни димензии за одржување на натпревари.