Во рамките на годинашната карневалска понуда, синоќа во големата сала на домот на култура „Антон Панов“ се одржа традиционалниот концерт под маски на учениците и вработените во музичкото училиште „Боро Џони“.
Струмичани кои ја наполнија салата и уживаа во богатата и разновидна програма која уште долго ќе се прераскажува.Пред концертот под маски беше отворена изложбата на фотографии од минатогодишниот карневал.Вечерва со традиционалниот маскенбал во хотелот „Сириус“ на кој ќе бидат избрани принц и принцеза, свечено ќе биде отворено годинашното издание на струмичкиот карневал.