Со одбележувањето на тримерските обичаи во центарот за култура „Антон Панов“, денеска завршија карневалските празнувања во Струмица. Во рамките на програмата на овој настан му претходеше синоќешното традиционално корзо со посета на домовите на армасаните девојки, промоцијата на книгата со еротски афоризми „Пасворд еротика, а беа доделени и наградите на најдобрите маски на интернационалната карневалска вечер.Во одбележувањето на празникот Тримери, денеска, се вклучија и децата од градинката „Детска радост“.