Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ информираа дека поради отстранување на дефект на водоводна цевка на улицата „Кирил и Методиј“, ќе биде прекинато водоснабдувањето на улицата „Неретва“ и дел од улицата „Кирил и Методиј“. Водоснабдувањето ќе биде во прекин од 9,30 до 12,00 часот.