Синоќа во центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица се одржа хуманитарен концерт на млади музички надежи од областа на сериозната музика. На концертот кој се одржа во организација на „Проарт“ од Скопје како гости настапија и ученици од музичкото училиште „Боро Џони“ од Струмица. Концертот го поддржа општина Струмица, а средствата се наменети за лекувањето на петгодишната Николинка Митева од селото Пиперево.