По повод 21 март денот на пролетта и екологијата, во организација на велосипедскиот клуб Актив од Струмица денеска се одржа манифестацијата „Со велосипед до почиста средина“. Велосипедската поворка во кој учествуваа поголем број велосипедисти стартуваше од општинското основно училиште „Никола Вапцаров“ а заврши на плоштадот „Гоце Делчев“. Од таму беше испратена пораката за здрав живот и зачувување на средината преку користење на велосипедот како транспортно средство со што ќе се намали сообраќајниот метеж во центарот на градот. Оваа манифестација на велосипедскиот клуб Актив ја поддржа општина Струмица.