Општинското основно училиште „Видое Подгорец“ го освои првото место на регионалниот турнир во кошарка во машка конкуренција кој што се одржа во Свети Николе. На турнирот учествуваа победничките училишни екипи – претставници на зоните Струмица, Кочани, Куманово и Велес.
Со освоеното прво место на овој регионален турнир, училиштето „Видое Подгорец“ обезбеди пласман на државните спортски игри за основни училишта кои што ќе се одржат од 14 до 16 мај во Скопје и се пласира меѓу шестте најдобри училишни кошаркарски екипи во Македонија.По тој повод, денеска, директорот на училиштето, Леонид Манчев, организираше прием за членовите на победничката екипа и наставникот Горан Иванчев.