Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Решение
за свикување дваесет и шестата седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам дваесет и шестата седница на Советот на општина Струмица за ден 01.04. 2015 година (среда).
Давесет и шестата седница на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата го предлагам следниот:
Д н е в е н р е д
- Предлог – Буџетски календар за подготовка и донесувањена Буџетот на општина Струмица за 2016 година;
- Предлог- Проценка на загрозеност на територијата на Општина Струмица од природни непогоди и други несреќи;
- Предлог – План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи на општина Струмица;
- Извештај за работа на ЈПКД “Комуналец” Струмица за периодот 1-12 месец 2014 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ЈПКД „Комуналец“ Струмица за 2014 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Гоце Делчев“ Вељуса за 2014 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ„Кирил и Методиј“ Дабиле за 2014 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица за 2014 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Видое Подгорец“ Струмица за 2014 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Сандо Масев“ Струмица за 2014 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ООУ „Маршал Тито“ Струмица за 2014 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на ЈОУДГ „Детска радост“ Струмица за 2014 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на СОУ „Јане Сандански“ Струмица за 2014 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица за 2014 година;
- Годишна сметка со финансов извештај на СОУ „Никола Карев“ Струмица за 2014 година;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 3284, 3285 КО Банско;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 7703 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за промена на трасата на сообраќајната инфраструктура на КП бр. 4659 и 4663 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за услогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7323/4, 7324/2, 7324/3, 7323/8 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 7775 и 7776 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 6512/44, 6512/1 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на планскиот опфат за КП бр. 2218 КО Добрејци;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на планскиот опфат за КП бр. 7898/1 КО Струмица;
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на планскиот опфат за КП бр. 4580 КО Струмица; и
- Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко – планска документација за проширување на планскиот опфат за КП бр. 159 КО Три Води.
Совет на општина Струмица
Претседател,
Јосиф Христов