Денеска во Струмица по десетти пат се одржа хуманитарната акција „Од децата за децата“. Акцијата ја отвори градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кој е и покровител на истата. На продажните штандови во хотелот „Тивериопол“ беа изложени ракотворби со велигденски обележја кои што ги изработија учениците од основните училишта и од градинката „Детска радост“.