Откако целосно го исчисти, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ денеска почна со уништување на тревата и коровот во поројот „Крушевска Република“.
Прскањето почна денеска со тотален хербицид – препарат против сите видови треви и корови и според најавите треба да заврши за два дена. За целосно искоренување, прскањето ќе биде повторено по 60 денови.Од работната единица „Чистота“ и денеска упатија апел до граѓаните кои што живеат околу пројот да не фрлаат отпад во него, како што тоа го правеа досега.