Реакција на општина Струмица на текст објавен на порталот „Курир“

Општина Струмица денеска реагираше на текст објавен на порталот „Курир“ во кој се манипулира со вистината за традиционалната велигденска хуманитарна акција „Од децата за децата“ која што се одржа на петти април годинава, а на која присуствуваше градоначалникот Зоран Заев, кој како и секогаш најсрдечно беше поздравен од децата учесници на манифестацијата.

Ова е линкот од објавената вест на општинската веб страница:

https://www.strumica.gov.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=2367%3A2015-04-05-13-14-50&catid=263%3A–2015&Itemid=1&lang=mk

Залуден е денешниот обид на „Курир“ за да го оцрни градоначалникот Заев и да ги навреди децата кои присуствуваа на манифестацијата.

Интегрален текст од реакцијата:

Веќе навикнавме на Вашите спинови, непрофесионално и тенденциозно пишување против градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, кои не само што не ја постигнуваат Вашата цел, туку напротив се повеќе ја зацврстуваат неговата доверба не само меѓу граѓаните на Струмица, туку и меѓу граѓаните на Македонија.Залуден е секој Ваш обид, вклучително и денешниот во кој ја извртувате вистината за еден настан, а со цел да го оцрните градоначалникот Заев и да ги навредите децата кои присуствуваа на истиот.Но, од портал како Вашиот, друго и не може да се очекува. Доколку сте професионални и имате свој дописник од настаните кои се предмет на Вашиот интерес, ќе ја видите вистината и на јавноста ќе и презентирате објективна информација.За разлика од Вас, општина Струмица секогаш била и е транспарентна, а потврда за тоа е општинската веб страница на која што редовно се објавуваат навремени и објективни информации кои треба да Ви послужат како пример и во Вашето работење.