Нов асфалтен слој ќе биде поставен на улицата „Моша Пијаде“. Подготвителните работи започнаа со висинско прилагодување на капаците на шахтите на водоводната и канализационата инфраструктура и на решетките од уличните сливници. Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“
апелираат до граѓаните за разбирање додека траат овие градежни активности.Висинското прилагодување на капаците на шахтите е веќе завршено на улиците „Братство Единство“ и „Браќа Миладинови“, а според програмата на општина Струмица за оваа година, со ваков градежен зафат ќе биде опфатена и улицата „Ристоман Попчевски“ на потегот од улицата „Маршал Тито“ до улицата „Спиро Захов“.На сите четири улици со реконструкцијата се опфатени вкупно 45 лиено – железни капаци и 50 сливни решетки.По целосното завршување на висинското прилагодување на капаците на шахтите, на истите ќе биде поставен нов асфалтен слој.