Организаторите на велосипедската прошетка „Културното наследство низ Струмичкото Поле“ која се одржа денеска и доделија благодарница на општина Струмица за поддршката која што ја добија за нејзиното одржување. На завршната свеченост, благодарницата ја прими претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов.
Во оваа велосипедска прошетка учествуваа над 180 велосипедисти од Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска кои испратија порака дека велосипедите, меѓу другото, нудат прекрасен начин и за запознавање со културното наследство и промовирање на локалната заедница.Велосипедската прошетка ја организираа Одржливи иницијативи од Скопје и ВК Актив од Струмица, во партнерство со Општина Струмица, а во рамките на свеченостите со кои се одбележа Денот на ослободувањето на Струмица.