Во чест на 11 Октомври Денот на народното востание на Македонија и Денот на борецот, а во рамките на програмата на општина Струмица, синоќа во градскиот парк се одржаа ноќни трки во кои учествуваа учениците од основните и средните општински училишта.
Трките се одржаа во организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт, а имаа за цел да го подигнат спортскиот дух кај младата популација. Покровител на овие ноќни трки беше градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.