Здружението „Евро – визија“ одржа креативна работилница на тема „Нови идеи за нови струмички сувенири“, која е дел од проектот кој е финансиски поддржан од програмата Г1 на Секторот за локален економски развој на Општина Струмица за 2015 година. Учесниците на работилницата понудија нови креативни решенија за изработка на сувенири кои ќе се користат во промоција на општина Струмица. Модератор на работилницата беше Марија Милошевска, етаблирана македонска дизајнерка на современ филигран.