По чистењето на дивите депонии, Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од денеска почна со повторно чистење на поројот „Крушевска Република“. Според Бранко Ѓоргиев, раководител на работната единица „Чистота“
поројот се чисти од гранки, дрва и разновиден отпад кој што го фрлаат граѓаните кои што живеат наоколу, за да се овозможи нормален проток на водите кои се очекуваат од дождовите. По завршувањето на „Крушевска Република“, ќе се чисти и поројот на улицата „Васил Главинов“.Од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ апелираат до граѓаните кои што живеат околу пороите да не фрлаат отпад во нив, туку на места наменети за него, а за поголеми количини да се јават во „Комуналец“ или во општинскиот сервис „Систем 48“ на бесплатниот телефонски број 0800 1 48 48.