Под покровителство на градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица, се одржа шестото по ред издание на фестивалот на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“. На големата сцена во центарот за култура „Антон Панов“ настапија седум ансамбли од Струмица, Валандово, Радовиш, Гевгелија, Демир Капија, Кратово и Ново Село кои ги негуваат староградските песни и серенади. Струмичани масовно уживаа во оваа музичка понуда, а меѓу нив беа и градоначалникот Зоран Заев и дел од членовите на Советот на општина Струмица.