Струмичани уште еднаш на дело ја потврдуваат својата хуманост вклучувајќи се во собирната хуманитарна акција за помош на настраданите од поплавите во Србија и Босна. По повикот од општина Струмица и општинскиот штаб за заштита и спасување, од вчера во раните утрински часови масовно донираат помош на собирниот пункт кој се наоѓа во Домот на АРМ.
Се молат сите хумани граѓани да донираат: облека, постелнина, средства за лична хигиена и прехранбени производи ( тестенини и конзервирани производи).
Собирната хуманитарна акција која почна вчера продолжува и денеска, а собирниот пункт ќе биде отворен до 20,00 часот.