Под покровителство на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, а во организација на пинг-понгарскиот клуб „Струмица“ и Општинскиот сојуз за училишен спорт, денеска во спортската сала на на општинското основно училиште „Маршал Тито“ во Струмица, се одржа турнир во пинг-понг.
На турнирот кој се одржува по втор пат, во три категории се натпреваруваа околу педесетина ученици од основните училишта во струмичкиот регион. На најдобрите учесници на турнирот им беа врачени награди.