Во организација на Домот за деца и млади „Благој Јанков Мучето“, в петок, (30.05.2014 година), во Струмица ќе се одржи 24-та републичка детска средба „Цвеќе 2014“. Децата од цела Македонија кои ќе учествуваат во оваа манифестација, ќе се натпреваруваат во аранжирање на природно цвеќе, цртање на асфалт или хамер хартија, а ќе биде отворена и ликовна изложба насловена како „Цвеќе“. Средбата која се одржува под покровителство на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, ќе започне во 10,30 часот во Домот на АРМ.