Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ од овој месец почна со доставување на сметките за наплата во нов формат.
Најдоцна до утре, сите корисници на услугите на Јавното претпријатие, ќе ги добијат новите сметки за потрошена вода и другите услуги, во кои за разлика од претходните ќе имаат поголем увид во истите.-Овие промени се направени за подобрување на квалитетот на самите услуги кон граѓаните, но и граѓаните да имаат поголема прегледност во состојбата на услугите кои што ги дава јавното комунално претпријатие. Бидејќи се работи за обемна, комплетна промена на софтверот и промена на сите матични податоци на граѓаните, апелираме до нив доколку воочат некои технички грешки да дојдат во центарот за корисници за да можат истите навремено да бидат исправени, изјави Стојан Ефтимов, раководител на работната единица „Водовод и канализација“ при ЈПКД „Комуналец“.