Екипи на јавните претпријатија „Паркиралишта“ и „Комуналец“ денеска завршија со поставувањето на новите информативни табли во градот. Таблите се поставени на три локации, на влезот во Струмица од кај Валандово, на кружниот тек на булеварот „Ленинова“ кај Алфа банка и на кружниот тек кај ЕВН. На овие табли се наоѓаат информации за културно – историските знаменитости и други битни објекти во градот, до кои посетителите на Струмица многу полесно и побрзо ќе можат да стигнат.