Општина Струмица и ПАОК Ентузијаст Струмица Ве покануваат да учествувате на планинарски марш с. Колешино – с.Водоча по повод одбележување на 1000 години од Битката на Беласица. Планинарскиот марш ќе се одржи на ден 13 – 14 септември 2014 год.(сабота – недела) по следнава маршута:
Сабота 13.09.2014 година(прв ден):
Поаѓање од Струмица(Стара автобуска станица-Пошта) во 08:00 часот до с. Колешино на ден 13.09.2014 год. со автобус.
Планинарска маршута: с.Колешино – Колешински водопади – Попадиска чешма – Коњски кладенец (1557 м.н.в) – Планинарска куќа Дедо Кољо Муртински – Споменик обележје „5-те Струмички студенти“ – Викенд населба „Сред село“(950 м.н.в.). Пешачење 6-7 часа со краток одмор. Ручек е во 17:00 часот на Викенд населба „Сред село“ каде е и ноќевањето во сопствени шатори.
Недела 14.09.2014 година(втор ден):
Будење во 06:00. Доручок 6:30 часот. Поаѓање од Викенд населба „Сред село“ до с. Водоча во 08.00 часот.
Планинарска маршута: Викенд населба „Сред село“– Белешки ливади – с.Костурино – с.Раборци – с.Попчево(спојување со учесници од Маршута 2 во 13:30 часот) – Брана Водоча – с.Водоча.
15:00 – 16:00 часот Пристигнување на учесниците во с.Водоча
16:00 – 16:15 часот Обраќање на Градоначалникот на општина Струмица, Г-дин Зоран Заев и доделување на Благодарници за учество
16:15 – 17:00 часот Ручек
17:00 часот Враќање с.Водоча – Струмица со автобус
Напомена: Од организорот е обезбеден автобуски превоз Струмица – с.Колешино, превоз за шатори Струмица – Викенд населба „Сред село“и ручек(13.09.09.2014) и доручок, ручек, превоз за шатори Викенд населба „Сред село“ – с.Водоча, автобуски превоз с.Водоча – Струмица(14.09.2014).
За спомен планинарските друштва ќе добијат Благодарница за учество.
Секој учесник е потребно да си донесе прибор за јадење и шатор. Учесникот доаѓа на сопствена одговорност и лично одговара за сопствена психо физичка кондиција. Пријавување со име и презиме,матичен број,водич на група најкасно до 10.09.2014 година Пријавите да бидат испратени на адреса Општина Струмица, Одделение за ЛЕР – Контакт лице: Софче Јанева 076 483 157 (sofche.janeva@strumica.gov.mk) или ПАОК Ентузијаст Струмица п.фах 76 – Контакт лица: Душко Ќосев 077 984 499; Васко Серафимовски 070 535 688; Кољо Ристов 070 200 848.