Интегрален текст од реакцијата:
Тоа што беше кажано во вчерашната изјава на првиот човек на струмичкиот огранок на ВМРО ДМПНЕ, Зоран Пакетов, е во најмала рака, ноторна лага!Тврдењето дека општината нема контакти со граѓаните и не ги следи нивните потреби е став кој е сосема спротивен од вистината и реалноста. Буџетот на Општина Струмица веќе девет години се креира токму врз основа на барањата и потребите на граѓаните од урбаните и месните заедници. Порано покрај секојдневните контакти тоа се правеше преку редовните собири на граѓаните во сите урбани и месни заедници, а овој пат во четири циклуси, зборот на граѓаните се слуша преку Програмата „Форуми во заедницата“ во која Општина Струмица е лидер во државатаНа форумските сесии од оваа програма присуствуваат граѓаните од урбаните и месните заедници и тие со свои предлози учествуваат во партиципативното буџетирање на општината.Тоа не може да не го знае господинот Пакетов и советничката група на ВМРО ДПМНЕ, кога негови сопартијци-советници присуствуваа на две од досегашните четири форумски сесии.Па сепак и покрај изнесените лаги, Општина Струмица им благодари на луѓето од Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ поради тоа што конечно сфатија дека и тие треба да се интересираат за потребите на граѓаните.