Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска, ја одржа традиционалната средба со генералните спонзори на струмичкиот карневал. На средбата која што се одржа во кабинетот на Градоначалникот, се разговараше за искуствата од минатогодишното издание на оваа веќе во светски рамки позната манифестација, но се даваа сугестии и нови предлози за следното издание.
Градоначалникот Заев им врачи подароци во знак на почит и благодарност за несебичниот придонес во развојот на оваа најголема културна манифестација.Еве, традиционално во очи на празникот, заштитниците на градот Струмица, Св.15 Тивериополски Свештеномаченици, со години наназад, главните генерални спонзори на струмичкиот карневал разговараат за наредниот карневал, Струмица 2015 година. Овде се неколку банки, компании, хотелски комплекси, туристички агенции кои што имаат драгоцено, позитивно влијание врз струмичкиот карневал. На оваа средба, покрај благодарниците покрај врачувањето на благодарниците за нивното покровителство за година која што ја испраќаме, разговараме и за нивното идно покровителство, но секако и за одредени сугестии, забелешки, одредени предлози како нашиот карневал да биде подобар. Знаат граѓаните дека струмичкиот карневал е помеѓу дваесетте најдобри во светот, објавата беше преку NBS, каде што беше најавено дека почнува периодот на карневалите од Рио Де Женеиро до Струмица, Македонија, кое што е потврда за големината и значењето на оваа голема културна манифестација. Јас, искрено се надевам дека карневалот возвраќа и маркетиншки до институциите кои што го поддржуваат карневалот. Еве, веќе 9,5 години сум градоначалник на оваа наша Струмица, општината го поддржува карневалот со 2,5 милиони денари, „Комуналец“ исто така го поддржува со значајни средства, но без поддршката на овие наши генерални спонзори, струмичкиот карневал нема да е тоа што е денеска. Имаме девет генерални спонзори, се надеваме дека овој број ќе расте во иднина, но сме среќни и задоволни заради тоа што и во време на криза, кога и стопанството се бори со проблемите од финансиски карактер, сепак опстојуваат заедно со нас. Во тоа име, во името на граѓаните на општина Струмица, во името на карневалскиот одбор и во името на сите љубители и поддржувачи на карневалот, денеска им изразуваме голема благодарност на нашите генерални спонзори, рече градоначалникот Заев.За укажаната чест од името на генералните спонзори, се заблагодари Викторија Јовановска од Шпаркасе банка.Задоволство и чест ние што сме дел од оваа манифестација, струмички карневал, и што ја поддржуваме. Шпаркасе банка во своето делување настојува да се интегрира со локалните заедници и во таа насока и во иднина ќе продолжиме да ја поддржиме оваа манифестација, рече Јовановска.