Со повеќе свечености и манифестации кои ќе се одржат од 10 до 13 декември, општина Струмица ќе го одбележи Денот на заштитниците на градот „Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“. Традиционално и оваа година ќе бидат доделени годишните награди на општина Струмица за 2014 година и општинската награда за животно дело на свечената седница на Советот на општина Струмица која што ќе се одржи на 11 декември (четврток) во 12 часот во НУЦК „Антон Панов“. На истата за значењето на празникот ќе зборува градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.
програмата може да ја видите на следниов: линк