Вработените во работната единица „Чистота“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и во текот на вчерашниот ден го чистеа пројот „Крушевска Република“. Чистењето се вршеше рачно и со механизација, а од исчистената површина беа извадени 180 метри кубни наноси од врнежите и друг отпад. Во досегашното чистење на поројот извадени се вкупно 378 метри кубни наноси. Во текот на вчерашниот ден во чистењето на овој порој беа вклучени и вработените од работната единица „Зеленило“, тие ги кроеја дрвјата од двете страни на поројот на потегот од кружниот тек кај ЕВН до улицата „Младинска“. Доколку дозволат временските услови чистењето на поројот ќе продолжи и наредниот викенд.