Врз основа на член 48 став 1 точка 1 од Законот за локалната самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр. 5/02) и член 57 став 1 од Деловникот на Советот на општина Струмица (“Сл. гласник на општина Струмица” бр. 2/06), донесувам
Р е ш е н и е
за свикување дваесет и втората седница на
Советот на општина Струмица
Ја свикувам дваесет и втората седница на Советот на општина Струмица за ден 29.12. 2014 година (понеделник).
Дваесет и втората на Советот на општина Струмица ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 11,00 часот.
За работа на седницата предлагам:
I
Усвојување на записникот од дваесет и првата седница на на Советот на општина Струмица
II
Д н е в е н р е д
- Предлог-Буџет на Општина Струмица за 2015 година;
- Предлог-Одлука за извршување на Буџетот на општина Струмица за 2015 година;
- Предлог-Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Општина Струмица за 2015 година;
- Предлог-Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локални патишта и улици на територијата на Општина Струмица за 2015 година;
- Предлог – Програма за одржување на јавното осветлување на подрачјето на општина Струмица за 2015 година;
- Предлог-Програма за изработка на урбанистички планови во Општина Струмица за 2015 година;
- Предлог-Програма за одржување на јавната чистоќа во 2015 година;
- Предлог- Програма за одржување на јавно зеленило на подрачјето на општина Струмица за 2015 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица од областа на културата во 2015 година;
- Предлог-Програма за активностите на Општина Струмица во областа на спорт и млади во 2015 година;
- Предлог –Програма за активностите на општина Струмица во областа на локалниот економски развој и туризмот во 2015 година;
- Предлог – Програма за активностите на општина Струмица за областа на социјалната и детската заштита во 2015 година;
- Предлог – Програма за активностите на Општина Струмица во областа на заштитата и спасувањето, противпожарната заштита и справувањето со кризи во 2015 година;
- Предлог – Програма на Општина Струмица за работа со облиците на месна самоуправа;
- Предлог-Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2015 година во Општина Струмица;
- Предлог-Програма на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2015 година;
- Предлог – Одлука за пристапување кон измена и дополнување на Статутот на општина Струмица;
- Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за органзацијата, делокругот и начинот на извршување на задачите на општинската администрација на Општина Струмица;
- Предлог – Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од Блок 29, УЕ 8, за КП бр. 3178, општина Струмица, плански период 2012 – 2017;
- Предлог- Rешение за разрешување и imenuvawe ~len vo Nadzorniot odbor za kontrola na materijalno-finansiskoto rabotewe na JП “Паркиралишта – Струмица“;
- Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за основното образование за 2015 година;
- Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок дотацијата за средното образование за 2015 година;
- Предлог – Одлука за усвојување на Стратегијата на општина Струмица за соработка со граѓанскиот сектор 2015 – 2020;
- Предлог – Одлука за усвојување на Стратегијата на општина Струмица за развој на образованието 2015 – 2020;
- Предлог – Одлука за усвојување на Стратегијата за социјална заштита на граѓаните на општина Струмица 2015 – 2020;
- Предлог – Одлука за усвојување на Стратегијата за млади на општина Струмица 2015 – 2020:
- Предлог – Одлука за усвојување на Акционен план за одржливост на програмите за ХИВ и туберколоза кои се имплементираат за периодот 01 јануари 2015 – 31 декември 2017 година:
- Извештај за работата на ЈПЕД „Струмица –гас“ за периодот I-IX месец од 2014 година
- Програма за работа на Јавното претпријатие за енергетски дејности “Струмица-гас“ Струмица за 2015 година;
- Извештај за работата на ЈП „Паркиралишта-Струмица“ за периодот 01.01 – 30.09. 2014 година;
- Програма за работа на ЈП “Паркиралишта-Струмица“ за 2015 година;
- Одлука за наменска распределба на финасиски средства на УО на ЈП „Паркиралишта – Струмица“;
- Извештај за работата за период I –VI месец 2014 година на ЈПКД “Комуналец“;
- Програма за работа на ЈПКД “Комуналец“ за 2015 година;
- Одлука за хипотека од прв ред на недвижност на УО на ЈПКД “Комуналец“ – Струмица; и
- Одлука за измена и дополнување на Одлуката за висина на цени за издавање на продажни места и други пазарни услуги на УО на ЈПКД “Комуналец“ – Струмица
Совет на општина Струмица
Претседател,
Јосиф Христов